Martix Pod Shlemot Na Demon
>> YOUR LINK HERE: ___ http://youtube.com/watch?v=2GYmHYi3-V8
Текст: Martix • Инструментал: Стефан Меновски - МЕНКА • Снимени вокали:Tрајче Цветковски • Mixed by: JanZoo • Цртеж: Нора Дамјанова • Графички дизајн: Пучо (Brainluft) • Thumbnail: шкАрт • Здодевна вечер полека тонам во двоседот • Неволја – сигнализира од носот осетот • Врева кај соседот, нарушен комфор • Нога на врата, лице на подот и кон фронт • Кратко шишан, построен мирно, покорен • Егзекуција на чувства, исечени од корен • Трупот отпорен, дожд , студ и кал на чизмите • Трула храна, зајакнати организмите • Машини за уништување, без страв ко buffalo • Без страв од смртта трчаме право кон рафалот • А никој не прашува зошто? И нема затоа • Наместо одговор удар по усти - да се затворат. • Мразев да сум овде, стануваш камелеон • Се раѓа стрв за крв, пријател мртов и запален дом • Ме зедоа - плачев дур солзи не пресушат • Но куршум бакнува чело...ти ако не слушаш. • Штом убиле разум.....покори се пред нормите • Шлемови носат глави, нѐ облекле униформите • Борбите во тек се, а јас изгубен во трет свет • Живот ми виси на конец , ама ти си ми пред сѐ • Свири тажен d-moll, под шлемот на демон • Черепот се отвора за мозoчен ремонт • Умот се програмира, зло да бира • Па без трошка совест, човек е ликвидиран • Лежам во ровот дур над глава рафал коси сѐ • Со лицето во калта сум, но ти мислам на косите • Недостига прамен, мек ко свила и кадифе • Те мислам...кога сите си мислат на главите • Ќе ми те извадат од мисли, ако череп испука • Ја молам калта да ме голтне и кај тебе исплука • Ја мразам војната од тебе ми те одзеде • Уште еднаш да те видам, макар останам без нозете • Чинот грозен е, но така ќе сум слободен • Мртов или тешко оболен, ранет ил прободен • Твојот кожен тен го барам за мимикрија • Сакав да пишувам за љубов, а злосторства прикријам • Херои лажни се, сѐ е илузија • Херојска крв во вени е со помош на трансфузија • Илузија во прав, што морав во нос да ја вдишам • Да не постои страв да пукам штом имам на нишан • Па во цивили и невини пукам ко да се макети • Дур полнат пакети, војна е бизнис, маркетинг • Профитот нивен, ние сме месо топовско • Нас нѐ купуваат со ордени и топол збор • Ден на Хероите и мала бедна пензија • ТВ репортажи кои се бензин на тензија • Па липам в мрак, те љубам на сликата • Ми фалиш ти, нашиот град и клупата под липата • Излегувам од ровот гневен и ја стегам пушката • Ме гушка мрак и чувствувам ме пушта душата • Голема благодарност до: Никола Станишков, Михаил Стojaнов, Teoдора Василевска , Кирил Стоименов (Vlax), Коста (Бомер), Драган Тодоровски (DJ Drazi Drags) и сите оние кои во периодот на создавањето на neverAmore! беа морална поддршка и причина за албумот да стигне до својата замислена цел. • Сите оние кои сакаат да дадат поддршка и да го купат онлајн албумот, линк од bandcamp: • https://martix.bandcamp.com/album/nev...
#############################
