Soleni bombici so lebni troski Hrana i Vino MKD
>> YOUR LINK HERE: ___ http://youtube.com/watch?v=WgEb_NL1b5M
Румени, крцкави топчиња од тесто кое едноставно се подготвува. Полнети со фил од шунка, кашкавал и кечап, па испржени - ретко кого ќе остават рамнодушен. А, што е уште подобро количината е доволна не само за Вас туку и за драги гости. Наша препорака - слободно можете да ги планирате и за некои домашни прослави. • Soleni bombici so lebni troski • СОЛЕНИ БОМБИЦИ СО ЛЕБНИ ТРОШКИ • • за 8 лица • 1 кг брашно • 350 мл масло за јадење • 250 мл вода • 250 мл млако млеко • 2 коцки свеж квасец • 1 лажица шеќер • 200 г кругови шунка • 200 г кашкавал • 100 мл кечап • ½ лажица оригано • 250 г маргарин • 200 г лебни трошки • масло за јадење • Потребно време за подготовка на ова предјадење е 40– минути. • Во садот со млекото го додаваме квасецот и мешаме со лажица додека не се растопи. Потоа млекото со размешаниот квасец го додаваме во садот со брашното. Ги додаваме водата, маслото и шеќерот, и со рака замесуваме тасто. Продолжуваме да го месиме тестото на работна маса додека не стане мазно и го сечеме на 40-тина парчиња. • Маргаринот го топиме во тенџере на оган. • Круговите шунка ги сечкаме на коцки и ги ставаме во длабок сад. На крупната страна од рендето во садот го рендаме кашкавалот. Ги додаваме ориганото и кечапот, и го промешуваме филот со лажица. • Првото парче тесто со рака го расплескуваме на работната маса. На средината ставаме од филот и формираме бомбица. На истиот начин ги подготвуваме сите бомбици. Ги свалкуваме во растопениот маргарин и во лебни трошки. Потоа ги пржиме бомбиците на поголема количина загреано масло во тава на оган. Откако ќе поруменат со лажица решетка ги вадиме од тавата и ги ставаме на чинија, обложена со хартиени салфетки. • Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови ендивија и сервираме од Солените бомбици со лебни трошки. Декорираме со 4 шери домати и гранче магдонос. • Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени. • Добар апетит • • Subscribe for upcoming recipes: • / @hranaivinomkd • Follow us: • Facebook: / hranaivino
#############################